На денешната програма на Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција беше претпоследниот овосезонски спуст, одржан во Заалбах, Австрија.
На него, до третата овосезонска победа дојде новиот светски шампион во оваа дисциплина – Австриецот Винсент Крихмајер (1:53,07).
Водечкиот во вкупниот поредок на спуст, Беат Фојц (+0,17), го освои второто место и се доближи до малиот кристален глобус.
Уште еден Австриец се најде на денешниот пиедестал. Станува збор за Матијас Мајер (+0,27), кој го освои 35. подиум во кариерата.
На четвртата позиција се пласираше најдобриот на вчерашната прекината трка, Доминик Парис (+0,42), а Макс Франц и Марко Одермат (+0,79) го поделија петтото место.
📸 Christophe Pallot/Agence Zoom/Getty Images



