Серијата на Вашингтон Капиталс од четири врзани триумфи беше прекината синоќа од страна на Бостон Бруинс, кои славеа со убедливи 5-1.
Резултатски гледано, на ледената плоча ,,постоеше” само домашниот тим.
Имено, заклучно со втората минута од третата третина, Бруинс веќе водеа со капитални 5-0.
Вкупно десет играчи од цел ростер запишаа по најмалку еден поен на своето конто, а од нив, стрелци беа Бред Маршан (х2), Трент Фредерик, Патрис Бержерон и Ник Ричи.
До крајот, Капиталс успеаја само да постигнат почесен погодок преку Јакуб Врана.
Важна алка во тимот на Бостон, исто така беше и голманот Јарослав Халак со 31/32 одбранети шутеви (96,88%).
На табелата, Вашингтон го држи второто место, додека Бостон е третопласиран со бод помалку во однос на денешниот ривал.
📸 Patrick McDermott/NHLI via Getty Images



