Елмас, во летниот преоден рок во 2019 година, за сума од околу 16 милиони евра од Фенербахче пристигна во Наполи. Интерес за Елмас покажал португалскиот великан Бенфика. Наполи за соодветна сума би се согласиле на трансфер.
Италијанците тврдат дека за 20 милиони евра, Наполи би се согласил да го продаде фудбалерот. Елмас има одиграно 63 натпревари за Наполи, на кои постигнал четири гола.



