Иако неговата репрезентација беше далеку од некој успех на Светското ракометно првенство, ракометарот Готје Мвумби беше една од главните ѕвезди на Мундијалот. Пивотот на Конго ги воодушеви сите како се движи и како игра, иако има дури 137 килограми.
Пивотот моментно настапува во францускиот четвртолигаш Дрокс, но се поверојатно е дека во новата сезона ќе игра во Шпанија. Повеќе шпански клубови имаат упатено конкретни понуди до Мвумби, па сега останува планетарно најпознатиот пикер каде ќе ја продолжи кариерата.