Со четвртата победа во низа, Каролина Хурикејнс им го нанесоа третиот врзан триумф на Детроит Ред Вингс, славејќи со 5-2.
Во првата и во вторара третина, двете екипи дадоа по еден гол за реми од 2-2 после четириесет минути игра.
Имено, Филип Задина двапати им носеше предност на Ред Вингс, додека Андреј Свечников и Мартин Нечас успеваа да го израмнат резултатот.
Третиот период помина целосно во знакот на домаќините, кои трипати ја затресоа мрежата на Џонатан Берние, со головите на Џордан Стаал, на Јеспер Фаст и на Нино Нидерајтер.
Голот на Каролина го бранеше Американецот со српско потекло, Алекс Недељковиќ, кој имаше 33/35 одбранети противнички удари (94,29%).
Во пласманот на Централната дивизија, Каролина го држи второто, а Детроит – претпоследното седмо место.
📸 Jared C. Tilton/Getty Images



