Дербито на 34. коло од англискиот Чемпионшип го одиграа двете првопласирани екипи на табелата – Норвич и Брентфорд.
Како победник на оваа пресметка излезе домаќинот Норвич, кој славеше со 1-0.
Стрелец на единствениот погодок беше Емилијано Буендија (26′), кој воедно стана и првиот играч во лигата со таканаречен дабл-дабл учинок од десет голови и од десет асистенции.
Со новите три поени, ,,Канаринците” стекнаа предност од десет бодови во однос на денешниот ривал и направија огромен чекор кон враќањето во Премиер лигата.
📸 Joe Giddens/PA Images via Getty Images



