Во првиот меч од синоќешната НХЛ програма Бостон Бруинс ги совладаа Њујорк Ренџерс со резултат од 1-4 во 655. меѓусебна пресметка во историјата.
После две третини игра, Бостон стекна капитална предност од 0-3 со головите на Чарли Којл, на Трент Фредерик и на Чарлс МекАвој.
Во средината на третиот период, Ренџерс ја вратија неизвесноста преку Колин Блеквел, а до крајот, ризикот на домаќините не се исплати бидејќи Којл, со вториот погодок на мечот, го постави конечниот резултат на празна мрежа.
Голманот на Бостон, Тука Раск, имаше 20/21 одбранети шутеви (95,24%), доволни за да стигне до 298. победа во дресот на Бруинс што воедно е и рекорд на франшизата.
За да се стави крај на денешната средба, Брендан Лемиу (Њујорк Ренџерс) и Ник Ричи (Бостон) се пресметаа физички веднаш по звукот на сирената.
Во моментот после натпреварот, на табелата на Источната дивизија, Бостон беше прв, а Ренџерс ја заземаа шестата позиција.
📸 Bruce Bennett/Getty Images



