Човекот што правеше чуда со Донкастер Роверс оваа сезона, односно што го направи тимот еден од главните претенденти за промоција, го напушти ,,Кипмоут Стадиум”.
Станува збор за 46-годишниот Дерен Мур, кој отсега ќе биде тренер на Шефилд Венздеј и ќе има за цел да им овозможи опстанок на ,,Утките” во Чемпионшип.
Мур беше тренер на Донкастер од 10 јули 2019, кога го замени Грант МекКен, кој премина во Хал, а претходно го водеше само тимот на ВБА (2018-2019).
Што се однесува до играчката кариера, Мур настапуваше за осум клубови (Торки Јунајтед, Донкастер, Бредфорд Сити, Портсмут, ВБА, Дерби Каунти, Барнсли и Бартон Албион), забележувајќи вкупно 599 настапи и 32 погодоци.
📸 swfc.co.uk



