Осмата овосезонска трка во супервелеслалом во женска конкуренција беше одржана во италијанскиот ски-центар Вал ди Фаса.
На неа славеше домашната скијачка, Федерика Брињоне (1:14,61), за првпат во тековната сезона.
Со овој триумф, актуелната шампионка стана најуспешната Италијанка во историјата, израмнувајќи се со Дебора Компањони на шеснаесет победи.
Победничката на претходните четири трки и водечката во генералниот пласман, Лара Гут-Бехрами (+0,59), заврши на второто место и со тоа го загарантира третиот мал кристален глобус во супервелеслалом.
По третпат во текот на изминатиот викенд, на подиумот се пласираше Швајцарката Корин Сутер (+0,72).
Во продолжение следуваше ново италијанско трио, составено од Елена Куртони (+0,78), од Франческа Марсаља (+0,83) и од Марта Басино (+0,86).
Освен нив, пласманот во топ 10 го комплетираа Рагнилд Мовинкел (+0,90), Тамара Типлер (+1,17), Теса Ворли (+1,49), Бризи Џонсон (+1,54) и Алис Робинсон (+1,54).
📸 Alain Grosclaude/Agence Zoom/Getty Images



