Во текот на изминатиот викенд, во Калифорнија, се одржа голф турнирот Џинезис Инвитејшонал, кој спаѓа во рамките на ПГА Тур.
Турнирот го носи актуелното име веќе две години, а инаку постои од 1926 под името Лос Анџелес Опен.
Победник на 95. издание во историјата беше домашниот натпреварувач, Макс Хома, кој во плејоф го порази Тони Финау со 0-1.
Во борбата за првото место, сè до последните моменти, учествуваа тројца голфери, а со учинок од (-12), во плејоф влегоа горенаведените двајца.
За Хома, ова беше втора ПГА титула во кариерата, односно прва после Велс Фарго Чемпионшип на 5 мај 2019.
Од друга страна, Финау го запиша својот трет последователен пораз во плејоф на ПГА Тур.
На третото место се пласираше Сем Бурнс (-11), четврти беше Камерон Смит (-9), а петтата позиција ја поделија Метју Фитцпатрик, Џон Рам и Виктор Ховланд (-7).
📸 Harry How/Getty Images



