На денешното Балканско првенство за Сениори-ки во сала кое се одржува во Истанбул,Турција на кое учество земаа 22 држави членки на Балканската федерација со преку 250 атлетичари, македонскиот репрезетнативен атлетичар, Дарио Ивановски во трката на 3000 метри го освои првото место и ЗЛАТНИОТ медал со резултат 8:03:95. Следен предизвик на Дарио Ивановски е Европското првенство во сала кое ќе се одржи следниот викенд во Торун,Полска.




