Синоќа, Голден Стејт Вориорс им го нанесоа третиот врзан пораз на Орландо Меџик, откако триумфираа со 111-105.
Иако Вориорс стекнаа двоцифрена предност уште во првата четвртина, натпревар сепак беше неизвесен и возбудлив со пресврти и на двете страни.
Најефикасен играч на мечот беше Стеф Кари од победничкиот состав, кој забележа 40 поени, 8 скокови и 5 асистенции. Од неговите соиграчи, Кели Убр Џуниор имаше дабл-дабл учинок од 17 поени и од 10 скокови.
Од противничкиот табор, идентичен дабл-дабл постигна Џејмс Енис, а уште 25 поени и 13 скокови додаде Црногорецот Никола Вучевиќ.
Орландо (9-17) го држи тринаесеттото место на Истокот, додека, со новиот триумф, Вориорс (14-12) останаа во плејоф-зоната на осмата позиција на Западот.
📸 Reinhold Matay – USA TODAY Sports



