За првпат во новата НХЛ сезона, Монтреал Канадиенс имаат серија од два порази, откако синоќа загубија од Едмонтон Оилерс со 0-3.
Победничкиот состав постигна по еден гол во секоја третина, а стрелци беа Џуџар Кера, Дарнел Нурс и Тајсон Бери.
Освен нив, значајна алка во третиот врзан триумф на Едмонтон беше голманот Мајк Смит, кој ги одбрани сите 38 противнички удари кон својот гол.
Монтреал и покрај поразот останува на второто место на Северната дивизија, додека Едмонтон е третопласиран со ист број на бодови.
📸 sportsnet.ca