Стефанос Циципас избори 1/16-финале на овогодинешниот Аустралиан Опен, откако во втората рунда, после огромна борба, беше подобар од Танаси Кокинакис.
Имено, Гркот го доби Австралиецот со 3-2 или по сетови 6-7, 6-4, 6-1, 6-7 и 6-4.
Двата сетови што беа решени после тај-брејк отидоа во корист на Кокинакис, кој двапати беше подобар со 7-5.
Во спротивно, Циципас ги освои сите три партии во коишто направи барем по еден брејк.
Мечот, целосно траеше 4 часа и 36 минути, а на него беа одиграни вкупно 354 поени, од кои победникот освои 188, а домашниот тенисер – 166.
Во наредната рунда, Циципас ќе ги одмери силите со Микаел Имер, кој денес го порази Карлос Алкараз со 3-1.
📸 AAP



