Актуелната шампионка на Аустралиан Опен, Софија Кенин, денес доживеа елиминација во втората рунда од Каја Канепи.
Имено, Естонката по вторпат на турнирот триумфираше со 2-0 или по сетови 6-3 и 6-2.
Кенин беше поразена после 65 минути игра, во кои дозволи три противнички брејкови.
Од друга страна, Канепи беше стопроцентна на свој сервис со 7/7 спасени брејк-топки.
Во 1/16-финалето, Канепи ќе се соочи со Дона Векиќ, која денес ја елиминираше Надија Подороска со 0-2.
📸 Getty Images