По третпат на последните шест средби, Порденоне успеа да дојде до три поени, а со самото тоа и да се ,,залепи” за плејоф-зоната.
Имено, во денешното 22. коло од италијанската Серија Б, избраниците на Атилијо Тесер го поразија поранешниот прволигаш СПАЛ со 1-3 на гостински терен.
Во 32. минута, со својот дебитантски гол во дресот на Порденоне, резултатот го отвори Хрватот Карло Бутиќ, но СПАЛ успеа да израмни после девет минути преку Алберто Палоски.
Во второто полувреме, мрежата на Етрит Бериша се затресе двапати, благодарение на Патрик Чурија (56′) и на Роберто Ѕамарини (90+1′), кои го поставија конечниот резултат.
Во случај на победа, СПАЛ ќе ,,скокнеше” до третото, но засега мора да се задоволи со шестото место на табелата.
📸 Twitter: Pordenone Calcio



