Иако има богата кариера, Хрватот Марин Чилиќ не успеа да добие лесен противник во првата рунда на овогодинешниот Аустралиан Опен.
Имено, моментално 43. тенисер на АТП ранг-листата се соочи со 18. носител, Григор Димитров и доживеа елиминација со убедливи 3-0 после два часа и осум минути игра.
За Чилиќ, ова беше само прва елиминација во првата рунда на првиот грен-слем во календарската година, после неуспешното деби во 2007.
Димитров ги доби првите два сета со 6-4 и со 6-2, притоа освојувајќи три брејкови.
Во третиот сет, Чилиќ стекна брејк-предност, но Димитров успеа да избори тај-брејк и во него да слави со 7-5.
Пресуден фактор за поразот на хрватскиот претставник беше големиот број на неизнудени грешки (41), како и одличниот сервис на противникот, кој имаше 19 асови.
Во втората фаза, Димитров ќе ги одмери силите со домашниот тенисер, Алекс Болт, кој денес, со 3-1, го совлада Норберт Гомбос.
📸 essentiallysports.com



