Ст. Мирен ја продолжи својата солидна серија со три победи на последните четири средби, откако денес го совлада Килмарнок со 2-0. Со новите три поени, ,,Светците” останаа на шестата позиција, односно на последното место што води во победничката група.
За домаќините од Пејсли, првиот погодок го заби Кајл МекАлистер (38′), кој се запиша во листата на стрелците за првпат во последните две сезони.
Вториот гол беше дело на „подзаборавениот“ Џонатан Обика (61′), односно стрелецот на два последователни натпревари.
,,Ја имавме контролата цели 90 минути. Среќен сум што придонесов во тоа и што постигнав погодок.” – се огласи Обика.
📸 stmirren.com



