За првпат после 1 декември 2019, Флорида Пантерс успеаја да им нанесат пораз на Нешвил Предаторс. Имено, синоќа, во нивниот втор дуел сезонава, Пантерс славеа со резултат од 2-1.
Уште во петтата минута, Колтон Сисонс им донесе водство на Нешвил, но до крајот, никој од гостинскиот тим не успеа да го совлада домашниот голман Крис Дриџер, кој имаше 96% на одбранети удари (24/25).
Неговата солидна партија им даде ,,ветар во грбот” на Пантерс, кои во втората третина погодија двапати за целосен пресврт и за конечен триумф. Стрелци за Флорида беа Александер Барков и Картер Верхеги.
Со оваа победа, Пантерс скокнаа на второто место во Централната дивизија, додека Нешвил падна на седмата позиција.
📸 AP Photo/Wilfredo Lee



