Алпските скијачки од Светскиот куп, во текот на изминатиот викенд, се натпреваруваа на двете трки во супервелеслалом во германскиот Гармиш-Партенкирхен.
Поради неповолните временски услови, вчерашната трка беше одложена за денес, откако претходно, стартот беше подместуван во неколку наврати.
Накрај, од Германија, со двојна победа замина Лара Гут-Бехрами, која по четврти пат во низа славеше на трките од оваа дисциплина.
За првпат на подиумот во супервелеслалом се пласираше Петра Влхова (+0,28), а третото место го освои Австријката Тамара Типлер (+0,74).
Одличната млада Норвежанка, Кајса Викоф Ли (+0,88) го освои четвртото место, а во топ 10 се пласираа Корин Сутер (+1,11), Естер Ледецка (+1,13), Федерика Брињоне (+1,14), Теса Ворли (+1,18), Франческа Марсаља (+1,24) и Марта Басино (+1,43).
📸 olympicchannel.com



