На необичен и оригинален начин, охриѓанецот Стефан Николоски ќе ја одбележи нераскинливата врска со фудбалскиот клуб Барселона, која трае повеќе од две децении. Идејата за одбележување на јубилејот со спортската љубов дошла спонтано, а се поклопува со неговиот 34. роденден. Исечоци од весници, врамени дресови, безвременски сувенири купени или добиени на подарок од Ноу Камп и други вредни „ситници“ се изложени во Кафе и бар „Шила”.
Изложбата во Кафе и бар „Шила“ ќе трае до 7 февруари (недела). Сите навивачи на Барселона и останатите клубови ќе можат да разговараат со Стефан, кој пак, е отворен за соработка и помош на секој кој ќе тргне по неговите стапки.
Моето прво „парче“ во архивата е ставено на мои 12 години. Најчесто се снабдував со постери и исечоци од весници, кои татко ми секогаш ми ги чуваше. Мојот најдраг спомен во богатата архива ми е дресот од родителите, кои ми го купија од стадионот Ноу Камп на 100-годишната од Барселона. Сите реквизити кои ги имам купено или добиено како подарок веднаш ги складирам. Маичките и дресовите ги носам, а потоа ги врамувам и добиваат свое место во архивата. Сакам да изразам голема благодароност до стакларата „Џам Комерц“, која секогаш позитивно одговора на моите барања. – изјави Николоски за www.ohridnews.com.
Целата статија може да ја прочитате на следниот ЛИНК.