После четирите врзани порази, Автомобилист Екатеринбург се врати на победничките патеки, триумфирајќи над Барис Нур-Султан со 2-3.
За Автомобилист, ова беше прв гостински триумф над Казахстанците после 31 октомври 2019, кога славеа со 3-4 после продолжение.
Гостите на денешниот меч поведоа со 0-2 преку Никита Трјамкин и Грегориј Белоусов, а заклучно со првата минута од втората третина, Барис израмни на 2-2 со головите на Јакоб Лилја и на Фил Вароун.
Третиот период, во поголемиот дел помина со изедначена игра, а конечниот резултат го постави Дмитри Жукенов со својот втор овосезонски погодок.
Моментално, Автомобилист е петти, а Барис е седми на Истокот, но и двете екипи се со ,,една нога” во плејофот.
📸 Donat Sorokin/TASS