Во склоп на тековната сезона од Светскиот куп во нордиска комбинација во машка конкуренција е и тројната турнеја во австрискиот Зеефелд.
На денешната програма беше втората трка што воедно е и средна по големина, кога станува збор за трчањето, кое изнесува 10 км.
Јарл Магнус Риибер, со скокот од 99 метри, беше првопласиран после првата серија, во која, им даде заостаток поголем од една минута на сите, освен на Акито Ватабе (+0:27) и на Илка Херола (+0:59).
Накрај, после втората серија, пласманот на првите тројца остана ист со тоа што Риибер победи по вторпат во низа. Херола (+34,5) повторно ја врати својата црвена маица за најдобар тркач, а Ватабе (+33,3) заврши на второто место по 28. пат во кариерата што е нов рекорд во историјата на Светскиот куп.
📸 Laurent Salino/Agence Zoom/Getty Images



