Македонскиот репрезентативен пивотмен Жарко Пешевски го продолжи договорот со бундеслигашот Штутгарт, па и наредната сезона ќе го носи дресот на германскиот клуб. Пешевски имаше одлична сезона зад себе, па како награда за добрите игри од клубот решија да го задржат во своите редови уште една сезона.




