понеделник, март 8, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

Ноел славеше на домашен терен; Ерни јунак на денот

Епов Насе ✏️ Епов Насе
јануари 30, 2021
📁 Останато, Спорт

Францускиот Шамони е претпоследната станица од Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција пред Светското првенство.

На денешната програма беше осмиот овосезонски слалом, односно првиот од двата во реномираниот ски-центар.

После првата серија, тројцата првопласирани се наоѓаа во само три стотинки: Марко Шварц (50,70), Рамон Ценхојзерн (+0,02) и Клеман Ноел (+0,03).

Истите скијачи се најдоа на подиумот и на крајот, со тоа што Ноел (1:38,58) триумфираше за првпат после една година и тоа на домашен терен.

На втората позиција се пласира Ценхојзерн (+0,16), а Шварц (+0,19) беше третопласиран.

Најголемиот јунак на денот беше Швајцарецот Лука Ерни, кој имаше убедливо најбрзо скијање во втората серија. Имено, Ерни беше претпоследен 29. скијач што успешно ја помина првата серија и накрај се пласираше на неверојатното четврто место.

Во продолжение, во првите десет се пласираа уште Михаел Мат (+0,63), Лоик Мејар (+0,72), Александер Хорошилов (+0,87), Алексис Пантуро (+0,89), Себастијан Фос-Солевааг (+0,99) и Кристијан Хиршбил (+1,20).

Тотално спротивно од Ерни, односно најголем трагичар на денот беше Хенрик Кристоферсен, кој направи колосална грешка уште на втората капија и не ја заврши првата серија.

📸 Stefan WERMUTH/AFP

Tags: Алпско скијањеНоелСлаломШамони
ShareTweet
Претходна вест

ОФИЦИЈАЛНО – Пешевски останува во Штутгарт

Следна вест

РК Струга славеше и на втората контролка

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

(ВИДЕО) ДеШамбо триумфираше со последниот удар на Арнолд Палмер
Останато

(ВИДЕО) ДеШамбо триумфираше со последниот удар на Арнолд Палмер

✏️ Епов Насе
08/Мар/2021
(Фото) Резултати и табела по 13 кола во Трета лига – Југозапад
Спорт

(Фото) Резултати и табела по 13 кола во Трета лига – Југозапад

✏️ Предраг Јанчески
08/Мар/2021
(Видео) Лапорта е избран за нов претседател на Барселона
Спорт

(Видео) Лапорта е избран за нов претседател на Барселона

✏️ Предраг Јанчески
08/Мар/2021
(ВИДЕО) Огромен пресврт за победа на актуелните шампиони
Останато

(ВИДЕО) Огромен пресврт за победа на актуелните шампиони

✏️ Епов Насе
08/Мар/2021
Следна вест
РК Струга славеше и на втората контролка

РК Струга славеше и на втората контролка

Последно

(ВИДЕО) ДеШамбо триумфираше со последниот удар на Арнолд Палмер

(Фото) Резултати и табела по 13 кола во Трета лига – Југозапад

(Видео) Лапорта е избран за нов претседател на Барселона

(ВИДЕО) Огромен пресврт за победа на актуелните шампиони

(ВИДЕО) По третпат во низа Ајландерс и Бафало го пружат истиот резултат

(Фото) Додевски се закити со бронза на ,,Софија Опен Г1″

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.