Тројната турнеја во австрискиот Зеефелд, од Светскиот куп во нордиска комбинација во машка конкуренција, започна денес со најкратката трка.
Имено, после првата скокачка серија, Јарл Магнус Риибер имаше само 0,1 поен предност во однос на Акито Ватабе.
Во текот на скијањето на пет километри, двајцата ривали пружија невидена борба до последните сантиметри. Накрај, Норвежанецот (11:32,2) успеа да му се одмазди на Јапонецот за поразот од претходниот викенд и да стигне до петтиот овосезонски триумф.
Во битката за третото место, Винценц Гајгер (+45,0), во последните метри, го натскија Финецот Илка Херола (+45,4).
📸 Hans Peter Lottermoser/SEPA.Media /Getty Images



