Вест Хем ја официјализираше позамијцата на Џеси Лингард од редовите на Манчестер Јунајтед. Англискиот репрезентативец ќе ги претставува ,,Чеканите” до крајот на претстојната сезона, а во ангажманот нема опција за целосен откуп на неговиот договор.
Интересно е што официјалниот „Твитер“ профил на Вест хем навистина се пофали со овој трансфер наводно добивајќи квалитетен фудбалер кој треба да го засили составот на Дејвид Мојс. Лингард оваа сезона потполно беше заборавен од страна на Оле Гунар Солскјер, па се надева дека во Вест Хем ќе може да ја врати формата на повисоко ниво.