Шестиот овосезонски велеслалом од Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција беше одржан денес во италијанскиот Кронплатц.
Второпласираната во генералниот пласман, Мишел Жизен, беше првопласирана после првата серија и поради грешка на неколку капии до крајот, од првата, падна на шестата позиција (+1,32).
До победата, дојде петтопласираната после првото скијање, Теса Ворли (2:11,38), која, со четиринаесет победи во велеслалом, стана најуспешна активна скијачка во оваа дисциплина.
Второто место го зазеде Лара Гут-Бехрами (+0,27), а победничката на четири од петте последни велеслаломи, Марта Басино, среќно остана на подиумот (+0,73).
На четвртото место заврши искусната Микаела Шифрин (+1,08), а Словенката Мета Хроват беше петтопласирана (+1,23).
Во пласманот од седмата до десеттата позиција се најдоа две Италијанки, Софија Гоџа (+1,37) и Федерика Брињоне (+1,44), заедно со Алис Робинсон (+1,52) и со Сара Хектор (+1,65).
📸 Johann Groder



