По третпат во низа, Авганистан ја совлада Ирска во меѓусебната еднодневна крикет серија, овој пат, со резултат од 266/9 (50) – 230/10 (47.1).
Во првиот ининг, сите Авганистанци, освен Рахмат Шах (2) и Наџибулах Задран (0), имаа двоцифрен број на постигнати поени.
Сепак, Рашид Кан беше најзаслужен играч за триумфот на азиската репрезентација со 48 поени и со одлична фрлачка економија од 4-29.
Од ирските фрлачи, по три викети освоија Сими Синг (3-37) и Крег Јанг (3-61), а единствен играч што ја држеше удирачката игра беше Пол Стирлинг со неверојатни 118 поени.
Со денешниот меч беше завршена меѓусебната интернационална серија на двете екипи, кои засега немаат закажани средби сè до претстојното СП во Т20 формат.
📸 Twitter: Cricket Ireland