Амур Хабаровск и Салават Јулаев Уфа го одиграа првиот денешен меч во КХЛ, а воедно и нивниот прв меѓусебен во 2021 година.
На него, Салават дојде до првата гостинска победа над денешниот ривал после 2016, откако триумфираше со 1-2.
За претставниците на градот Уфа, ова значеше дека обезбедија плејоф по четиринаесетти пат во низа, односно во секоја сезона од формирањето на КХЛ.
,,Зелените” победија благодарение на головите на Џеф Плет во првата и на Теему Хартикаинен во третата третина. Исто така, еден од најзаслужните беше и голманот Јуха Метсола со дури 45 одбранети удари (97,83%).
Единствен стрелец за домаќините, кои имаат минимални шанси за доигрување, беше Александер Шаров во вториот период.
📸 ХК Салават Юлаев