Еден од најдобрите хокеари во тимот на Едмонтон Оилерс и најдобриот поентер во НХЛ за минатата сезона, Леон Драисаитл, испиша уште едно поглавје од клупската историја.
Синоќа, Германецот, при резултат од 3-3 против Винипег Џетс, го постигна најдоцниот регуларен победоносен гол во историјата на франшизата, во моментот кога на семафорот истекуваше последната секунда (19:59).
Останатите голови за победничкиот тим ги постигнаа Рајан Нуџент-Хопкинс, Кајл Турис и Каилер Јамамото, а за Винипег, стрелци беа Адам Лаури, Николај Елерс и Блејк Вилер.
📸 Codie McLachlan/Getty Images



