Најдобрата македонска судиска ракометна двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ја добија честа од ИХФ да го судат денешното дерби на Мундијалот во Египет помеѓу Шпанија и Унгарија. Овој натпревaр е дуел помеѓу две репрезентации кои се борат за првото место во групaта 1, а почетокот е од 18:00 часот.



