Откако на 4 август 2020 го совладаа светскиот шампион Англија, крикет репрезентацијата на Ирска не знае за победа.
Имено, претставниците на ,,Смарагдниот остров”, по поразот од ОАЕ, доживеаја уште две загуби во низа од Авганистан во еднодневниот формат.
Азиските крикетари, денес славеа на домашен терен со 260/3 (45.2) – 259/9 (50).
Во првиот ининг, играта на Ирска ја држеше само Пол Стирлинг, кој постигна дури 128 поени.
Од авганистанските фрлачи, 4 викети, со 42 допуштени поени, освои Навин-ул-Хак.
Во вториот ининг, Куртис Камфер, Симо Синг и Бери МекКарти освоија по еден викет, а Рахмат Шах постигна одлични 103 поени од 108 топки.
Двете екипи, за два дена ќе се соочат по третпат во низа со што ќе ја комплетираат меѓусебната интернационална еднодневна серија.
📸 Twitter: Cricket Ireland



