Австрискиот Кицбил беше домаќин на четвртиот и на петтиот овосезонски спуст од Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција.
На петочната трка владееја неповолните услови, па наместо педесет и пет, стартуваа триесет скијачи, од кои, најбрз беше Беат Фојц.
Вчера, условите не дозволија скијање, па вториот спуст беше одржан денес, а за утре остана трката во супервелеслалом.
На петтата трка во најбрзата дисциплина, на првото место се пласира Швајцарецот Беат Фојц (1:55,29), по вторпат во низа.
Имено, Фојц стана вториот скијач во историјата што забележал подиум на пет последователни спустови во Кицбил. Освен него, тоа му појде од рака само на Лук Алфанд (1995-1997).
Освен Фојц, на подиумот застанаа Жоан Клери (+0,17) и Матијас Мајер (+0,38), а заостаток под една секунда имаа Кристоф Инерхофер (+0,86) и Ромед Бауман (+0,97).
Од шестата до деветтата позиција се пласираа Андреас Сандер (+1,00), Доминик Парис (+1,18), Отмар Штридингер (+1,20) и Матје Баје (+1,22), а десеттото место го поделија Марко Одермат и Даниел Хеметсбергер (+1,32).
📸 Swiss Ski



