понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Спортски колумни

Данило го критикува Вардар, а играше со 6 странци кога го водеше Металург

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јануари 21, 2021
📁 Спортски колумни
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

„Зошто не му даваат шанса на Џомба, Јагуриновски, туку го земаат Дарко Ѓукиќ, да не го победат Фленсбург?“„Постојано слушам критики, ама никој не сака да си погледне во очи, НИЕ НЕМАМЕ ИГРАЧИ. Како јас да ставам играч од домашно првенство, кога неговиот клуб го става во Б – тим и зема странци?“ . Со овие зборови селекторот Данило Брестовац упати критика до управата на Вардар за ангажманот на странски играч….

Критиката ќе беше оправдана донекаде доколку и самиот Данило во времето кога беше тренер на Металург наместо со странци кои им ја земаа минутажата на нашите ракометари форсираше повеќе Македонски ракометари. А тогаш во Металург играа дури шестмина странски ракометари многу од нив со сомнителен квалитет… Погледнете го тогашниот состав на Металург кој иако имаше шестмина странци бележеше претежно порази и во Сеха лигата и во Лигата на Шампионите и не сваќаме зошто нашиот сегашен селектор имаше толкава доверба во странците иако немаше успех со нив.

Господине селекторе неправедна е и неоснована критиката кога денес РФМ работи одлично и баш ја зајакна Македонската Суперлига каде го ограничи бројот на странски ракометари. Сега во лигата играат претежно многу квалитетни странски играчи како Златко Хорват, Канкараш, Тарабокија, Тот, Кривокапиќ, Чагаљ, Вукашин Ракочија, Богдан Николиќ… а да не зборуваме за имињата кои играат во Вардар како Дибиров, Чупиќ, Дисингер или во Еурофарм Пелистер ракометари како Мандалиниќ, Кушан, Периќ… Дали имаме ние ракометари кои би можеле да играат на местото на горенаведените ??? ФАКТ Е ДЕКА НЕМАМЕ!!!

Секој од тренерите и спонзорите се стреми кон успех и никој непотребно не би давал пари за сертификат и лиценци кои коштаат по 500 ,1000 или 2000 евра за странски ракометари ако имаме таков квалитет дома.

Селекторе замислете што би било доколку Германците би викале не купувајте странци … каде би играле тогаш Пешевски, Кузмановски, Томовски кои се одлични во најсилната лига на светот… Селекторе замислете кога Веспрем би ставиле Унгарец наместо нашиот одличен Деки Манасков…

И за крај да не заборавиме вие кои сте селектор и координатор на сите селекции од 7 до 77 години на кадетското во Скопје направивте еден од најголемите гревови и натурализиравте ракометар кој држеше минутажа и им фати место на играчи кои се во фаза на развивање и кои имаа потенцијал како Ѓорѓиев, Каковски, Мелоски, Карапалевски, Џигеровски… изоставивте играчи како Мартин Ивановски, Даниел Андоновски,… А на крај сите заслуги на тоа кадетско и тие неколку победи се благодарение на Серафимов, Ненад Костески, Кики Симоновски , Марко Кизиќ….

Почитуван селекторе, Македонската публика е некогаш сурова со критиките впрочем таа имаше неправедна критика и кон нашиот најуспешен селектор на сите времиња господинот Звонко Шундовски кој освои 5-то место на Европското во Србија. Во вашиот случај сами го навлекувате гневот на јавноста затоа што сами ги менувате вашите изјави во рок од 24 часа. Ова се ваши изјави дадени за нашите портали:

За крај да ви посакаме среќа и успех Вам и на момците кои се во Египет! РФМ ви има обезбедено најдобри услови од сите досегашни селектори и ви има дадено одврзани раце да работите и да направите смена на генерации. Ние се сложуваме со вас дека таа смена нема да оди лесно и ќе има уште многу порази, но за репрезентација како што кажува и нашиот најдобар играч на сите времиња Кире Лазаров мора да играат најдобрите и најподготвените а не дали бил млад или стар, низок или висок, дали играл за Охрид, Бутел или греел клупа во Вардар ?

Како портал кој е особено посветен на промоција и поддршка на Македонските спортисти и тренери ќе ни биде драго доколку со борба на терен а зошто не и со некоја победа против силните Русија и Белорусија не демантирате во оваа наша статија.

СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!!!

ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Оберг во завршницата му пресуди на Салават

Следна вест

(Видео) Барса помина на ,,Мускули” и ја избегна судбината на Реал Мадрид

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

МАКЕДОНИЈА СЕ ГОРДЕЕ СО ВАС МОМЦИ! Сите оставивте срце на терен
Спортски колумни

Цела нација како еден: Јануари повторно во знакот на Македонија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Јан/2026
10. дневна јагленохидратна суперкомпензација за време на интензивен натпреварувачки период кај играчите на шампионот Струга ТЛ (Научен труд)
Спорт

10. дневна јагленохидратна суперкомпензација за време на интензивен натпреварувачки период кај играчите на шампионот Струга ТЛ (Научен труд)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2023
Д-р Бојчески: Исхраната има важна улога во постигнување спортски резултати и одржување добра здравствена состојба на спортистот
ИНТЕРВЈУ

Д-р Бојчески: Исхраната има важна улога во постигнување спортски резултати и одржување добра здравствена состојба на спортистот

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
09/Јун/2023
ПРАКТИЧНА КАЛИУМСКА РЕМИНЕРАЛИЗАЦИЈА ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА ГЛИКОГЕНСКАТА РЕСИНТЕЗА ПОСЛЕ ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ
Спортски колумни

ПРАКТИЧНА КАЛИУМСКА РЕМИНЕРАЛИЗАЦИЈА ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА ГЛИКОГЕНСКАТА РЕСИНТЕЗА ПОСЛЕ ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
18/Апр/2022
Следна вест

(Видео) Барса помина на ,,Мускули" и ја избегна судбината на Реал Мадрид

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.