Во дербито на 23. коло од англиската Лиг 2, силите ги одмерија Челтенам и Њупорт Каунти.
Натпреварот заврши со реми од 1-1 што ги задржа Велшаните на второто место, а го спушти Челтенам на шестото.
Мети Блер погоди за домаќините во петтата минута од продолжението на првото полувреме, а половина час пред него, мрежата на Англичаните ја затресе голманот на Њупорт – Том Кинг.
Кинг, со овој погодок, влезе во Гинисовата книга на рекорди како стрелец на најдалечниот гол во историјата на фудбалот (96,01 метри).
📸 Newport County



