По двата воведни порази од Нешвил Предаторс, Колумбус Блу Џекетс ја остварија првата победа во новата сезона, откако денес, со 2-3, славеа над Детроит Ред Вингс.
Детроит водеше после првите дваесет минути игра, благодарение на погодокот на Боби Рајан и на одбранетиот пенал на Томас Грајс.
Во втората третина, Колумбус израмни преку Оливер Бјоркстранд, а во третата, ја зголеми предноста на 1-3 со головите на Алесандр Тесие и на Пјер-Лук Дубуа.
До крајот, Детроит само намали на 2-3 откако Рајан по вторпат ја затресе мрежата на Јоонас Корписало, кој имаше неверојатна партија со неколку исклучително важни одбрани.
📸 Rick Osentoski-USA TODAY Sports



