,,Сони Опен” е вториот голф турнир од ПГА Тур во календарската 2021 година, кој беше одржан во близина на Хонолулу, главниот град на Хаваи.
Овогодинешното издание беше вкупно 56. во историјата, а на него, за првпат во кариерата, триумфираше Кевин На.
За американскиот голфер со корејско потекло, ова беше осма професионална победа во кариерата, односно петта на ПГА Тур.
На имаше очајно отварање на турнирот и после вториот ден го заземаше 19. место. Сепак, во третиот ден, заработи (-9) поени и изби на второто место, а накрај дојде до конечен (-21) поен.
Второто место го поделија Крис Кирк и Хоакин Ниман (-20), а на четвртата позиција се пласираа Марк Лишман, Веб Симпсон и Брендан Стил (-19).
📸 Getty Images



