Во рамките на 18. коло од италијанската Серија Б се соочија две ривалски екипи – СПАЛ и Реџана.
Нивното ривалство потекнува од деведесетите години на минатиот век, откако се расипале збратимените односи. Исто така, голем удел во ова има и географската положба.
Имено, СПАЛ е ситуиран во Ферара, а Реџана во Реџо Емилија. Двата градови се наоѓаат во регионот Емилија-Ромања, а се оддалечени околу шеесет километри еден од друг.
Во првиот заеднички дуел после 18 ноември 2015, СПАЛ победи со 2-0 на домашен терен и по третпат во низа го совлада денешниот ривал.
Стрелци на головите беа Матија Валоти (38′) и џокерот од клупата Марко Д’Алесандро (80′), кој се запиша во листата на стрелците за првпат во новата сезона.
За Реџана, ова беше петти пораз во низа, односно шести натпревар по ред без постигнат погодок, па поради тоа, екипата се наоѓа на 18. место во Серија Б. Од друга страна, СПАЛ се бори за промоција назад во елитата и со денешната победа изби на третата позиција.
📸 Twitter: SPAL



