Во рамките на Источната дивизија од новиот формат на НХЛ, Питсбург Пенгуинс им го нанесоа првиот овосезонски пораз на Вашингтон Капиталс, а со тоа ја запишаа и својата прва победа по двата воведни порази од Филаделфија Флаерс.
,,Пингвините” успеаја да ги надиграат претставниците на главниот град на САД со 4-3, односно после пенал-серијата.
Иако на Иван Родригес му беа потребни само 19 секунди за да го отвори резултатот, Вашингтон успеа да направи брз пресврт до крајот на првата третина преку Ник Дауд и Александер Овечкин.
Во вториот период, Питсбург двапати израмни, а Вашингтон еднаш поведе за поставување на конечните 3-3 после регуларниот дел од играта.
За Пенгуинс, дебитантските голови во сезоната ги постигнаа Колтон Сивиур и Маркус Петерсон, додека за Капиталс стрелаше Никлас Бекстром во момент кога неговиот тим имаше играч повеќе на ледената плоча.
Во пенал-серијата беа изведени четири удари и на двете страни, а единствен прецизен хокеар беше Џејк Гинтцел (Питсбург).
📸 Jeanine Leech/Icon Sportswire via Getty Images



