По очајната серија од пет врзани порази, Њујорк Никс (6-8) успеаја да дојдат до четвртата победа во 2021, откако ги совладаа Бостон Селтикс на гостински терен со убедливи 75-105.
За Бостон, ова значеше прекин на низата од пет победи и пад на третото место на табелата со учинок од 8-4.
Претставниците на ,,Големото јаболко” имаа целосна резултатска контрола во текот на цел натпревар, а разликата во четвртата четвртина порасна и до максимални +37 во еден наврат.
Џејлен Браун, со 25 поени, беше единствена светла точка во играта на Бостон, а воедно и најефикасен кошаркар на паркетот.
Кај Никс, дабл-дабл забележаа Џулиус Рендл (20 поени и 12 скокови) и Ар Џеј Берет (19 поени и 11 скокови), а уште тројца нивни соиграчи имаа двоцифрен број на погодоци.
📸 Brian Babineau/NBAE via Getty Images



