Првото натпреварување од Светскиот куп во нордиска комбинација во 2021 година се одржа во италијанскиот ски-центар Вал ди Фиеме, кој беше домаќин на сите три трки во текот на викендот.
После првата серија, на водечките позиции се наоѓаа Рјота Јамамото и Лорен Муленталер, но и двајцата потфрлија при трчањето.
Во завршниот спринт во втората серија учествуваа шест скијачи, кои се наоѓаа во само една секунда.
Јарл Магнус Риибер (27:16,1) победи по вторпат во низа, а најзадоволен од сите беше Ерик Френцел (+0,1), кој беше 19. после скокот, а накрај, во фото-финиш, му го украде второто место на Винценц Гајгер (+0,1).
Во продолжение следуваа Јерген Граабак (+0,6), Алесандро Питин (+0,7) и Илка Херола (+0,9).
📸 Stanko Gruden/Agence Zoom/Getty Images



