Седмиот овосезонски натпреварувачки викенд од Светскиот куп во санкање на вештачки патеки по вторпат се одвиваше во германскиот Оберхоф.
На денешната програма беше седмата трка во две серии во машки дублови, односно деветта во сезоната, доколку се бројат и двата спринтови.
Во првата серија, домашните санкачи, Тобијас Вендл и Тобијас Арлт завршија на првата позиција со нов рекорд на патеката од 40,817 секунди.
Само 0,011 секунди побавни беа победниците од Сигулда, браќата Андрис и Јурис Шикс, а во продолжение следуваа Тони Егерт и Саша Бенекен (+0,072), односно Томас Штој и Лоренц Колер (+0,073).
Сепак, во втората серија, Штој и Колер го срушија повторно рекордот на патеката и поставија време од 40,792 секунди што им ја донесе четвртата овосезонска победа.
За само девет илјадинки послабо време имаа Вендл и Арлт на второто место, а браќата Шикс доцнеа само шеснаесет илјадинки и завршија како третопласирани.
Егерт и Бенекен (+0,104) ја зазедоа четвртата позиција, а новите рекордери на стартот, Лудвиг Ридер и Патрик Растнер (+0,293).
📸 GASPA\ullstein bild via Getty Images



