Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го потврди новиот договор со селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски. Раководството на ФФМ и селекторот Игор Ангеловски ги усогласија ставовите околу новиот договор и досегашниот предводник ќе биде на селекторското место на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство 2020 година кое ќе се одигра во јуни оваа година.
„Верувам дека Македонија ќе го покаже вистинското лице на Европското првенство и праќам апел до целата нација и сите навивачи да бидеме сложни и да покажеме единство. Напред Македонија“ – порача селекторот Игор Ангеловски.



