Сантос во своето петто финале ќе атакува на четврта континентална титула, откако победи на реваншот против Бока Јуниорс со убедливи 3:0 и во двомечот на аргентинците не им дадоа шанса да постигнат гол.
Во натпреварот за тофејот Сантос ќе ги одмери силите против Палмеирас, кој претходно го елиминира Ривер Плејт со резултат од 2:0. Првпат од 2006 година ќе гледаме финале на Копа Либертадорес меѓу две бразилски екипи. Последните кои играа во вакви услови беа Интернасионал и Сао Пауло.
Овојпат нема да има два натпревари за титула, победникот ќе се одлучува во еден меч, кој ќе се одржи на 30 јануари, на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро и ќе биде спектакл помеѓу два ривали од Бразил.