Шведска е фаворит во групата во која се и Египет, Чиле и Македонија. Швеѓаните на мегдан со нашите ракометари ќе се појават без Никлас Егберг, Јаспен Нилсен, Андреас Нилсон, Линус Арнесон, Лукас Нилсон, сите тие се загрижени за своето здравје и не сакаа да одат во Египет, а ќе ги нема и повредениот голман Мајкл Апелгрен и заразените од корона-вирус Јагергрен и Линдског.
Против Македонија ќе се појават Џим Готфридсон и Хампус Ване. Имаат десетмина играчи кои првпат ќе играат на Светско првенство и тука е шансата на Македонија да се обиде да триумфира и во втората фаза да влезе со пренесена убава бодовна залиха.
Сето ова ни дава надеж дека ,,Црвено-жолтите” може да приредат изненадување, иако и нашиот селектор Данило Брестовац ќе излезе со подмалден состав на Мундијалот во Египет.