Во 47. издание на Мастерс турнирот во снукер, каде што учествуваат најдобрите шеснаесет играчи во светот, се случи големо изненадување.
Имено, во осмина-финалето, вториот носител, Нил Робертсон, беше елиминиран од 20-годишниот дебитант Јан Бингтао.
Кинезот, само еднаш поведе во бројот на освоени фрејмови и тоа му беше сосема доволно за конечен триумф од 6-5.
Робертсон имаше огромна предност во два наврати. Најпрво, водеше со 3-1, а потоа имаше и две ,,меч-топки” бидејќи поседуваше водство од 5-3.
Во четврт-финалето, Бингтао ќе го чека победникот од дуелот помеѓу Марк Селби и Стивен Мегваер.
📸 World Snooker Tour



