Во третата рунда од овогодинешното издание на англискиот ФА Куп се соочија четвртолигашот Кроули Таун и прволигашот Лидс Јунајтед.
Фаворитот на хартија драстично потфрли, со тоа што доживеа шокантна елиминација од популарните ,,Редс” со резултат од 3-0.
Стрелци на головите за Кроули беа Николас Царула (50′), Ешли Нејдсан (53′) и Џордан Таниклиф (70′).
Од друга страна, Лидс на теренот излезе со квалитетна постава, во која беше и нашиот репрезентативец Езѓан Алиоски. За Македонецот, ова беше јубилеен 150. настап во дресот на клубот од Јоркшир.
📸 Leeds United



