Шестиот овосезонски натпреварувачки викенд од Светскиот куп во санкање на вештачки патеки се одвиваше во летонскиот град Сигулда.
На денешната програма беше шестата трка во две серии во женска индивидуална конкуренција, односно осма во сезоната, доколку се бројат и двата спринтови од Инсбрук и од Винтерберг.
До втората овосезонска победа стигна Русинката Татјана Иванова (1:23,594), пред Натали Гајзенбергер (+0,052) и Викторија Демченко (+0,181).
На четвртото место заврши Јулија Таубитц (+0,310), којашто ги победи сите три последни трки во пресрет на Сигулда.
Во продолжение следуваа три домашни санкачки – Елина Иева Витола (+0,400), Елиза Тирума (+0,431) и Ула Зирне (+0,469).
Во вкупниот поредок доминираат Германките, кои ги заземаат првите три места. На четири трки до крајот, Гајзенбергер е на врвот со 680 поени, пред Таубитц (651) и пред Дајана Ајтбергер (479).
📸 Sebastian Widmann/Bongarts/Getty Images



