Втората станица во новата година од Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција е швајцарскиот Аделбоден, каде што на програмата се двете технички дисциплини.
Денешната трка беше вкупно петта во велеслалом во оваа сезона.
Истата помина целосно во знакот на Алексис Пантуро, кој ја натскија конкуренцијата убедливо уште во првата серија. Во второто скијање, Французинот (2:18,26) ја одбрани и ја зголеми предноста за освојување на својот трет овосезонски триумф.
На втората позиција се пласира одличниот Хрват Филип Зубчиќ (+1,04), а Марко Одермат беше третопласиран (+1,11).
Во продолжение, сите заостануваа повеќе од две секунди, а во првите десетмина, пласман изборија уште: Александер Омодт Килде (+2,21), Жистин Муризие (+2,29), Лоик Мејар (+2,39), Лукас Браатен (+2,64), Леиф Кристијан Хауген (+2,69), Хенрик Кристоферсен (+2,80) и Томи Форд (+2,85).
Следната трка во машка конкуренција ќе биде утре, повторно на истата дисциплина и на истата локација.
📸 sport.francetvinfo.fr



